По 19-ти пат маратонците тргнаа од Нова Градишка кон Крушево во чест на Тоше Проески

t

Тринаесет маратонци денеска во 17 часот тргнаа од Нова Градишка, Хрватска, кон Гумење во Крушево, во чест на Тоше Проески, кој на 16 октомври 2007 година загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка.

Ова е 19-ти меморијален маратон посветен на македонската музичка ѕвезда. Маратонците ќе истрчаат околу 200 километри низ Хрватска, Србија ќе ја поминат со возила, а од македонската граница до Крушево ќе истрчаат уште околу 220 километри. Во Македонија ќе им се приклучи уште еден маратонец.

„Возбудата е голема, чувството е неописливо. Без двоумење го почнуваме 19-тиот маратон за Тоше. Нѐ чека долг пат. Ќе се сретнеме на вечното почивалиште на Тоше на Гумење во Крушево“, изјави Наум Капричевски, иницијатор и учесник на маратонот.

Пред тргнувањето, маратонците положија цвеќе на спомен-обележјето на Тоше во Нова Градишка. Во Хрватска имаа средби и со претставници на македонската заедница, амбасадорот Драган Ѓурчевски, продуцентската куќа „Хит рекордс“ и Бисерка Петровиќ, мајката на легендарниот кошаркар Дражен Петровиќ.

Пристигнувањето во Крушево е планирано за 16 октомври напладне, на 19-годишнината од смртта на Тоше Проески. Традиционално, маратонците ќе бидат пречекани со црвени рози.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…

Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…

Мерц се закани дека ќе го блокира…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…

Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…

Русија и Украина со добра волја пристапуваат…

Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…

Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…