По 2 години пауза повторно ќе има пастрмајлијада

t

По 2 години пауза поради Ковид пандемијата, манифестацијата „Штипска пастрмалијада“ повторно ќе се организира. Годинава ќе се одржи во последната недела од идниот месец, поточно на 23-ти и 24- септември, кога според традицијата започнува да се конзумира овој кулинарски специјалитет.

– Навистина ми е драго што оваа година општина Штип е главен покровител во организација на познатата манифестација „Пастрмалијада“, на која на најдобар начин ќе го презентираме познатиот штипски бренд, со една богата забавна програма – изјави Иван Јорданов – Градоначалник на Штип

Првата вечер гостите ќе ги забавуваат групите ДНК и Џамбо Агушеви, за да забавата кулминара со настапот на Јелена Розга.

– Во сабота, како главна вечер и главна ѕвезда ќе биде Тони Цетински, една од најголемите балкански ѕвезди. Тука се и нашите Куку Леле, со нивните препознатливи хитови и секако нашиот драг штипјанец Зоран Илиев – изјави Мирослав Кацарски, модератот

Вкупниот буџет за организација на годинашната манифестација е 4 милиони денари, од кои 2,5 милиони се од општинската каса, а 1,5 милион денари спонзорство од приватни компании.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Блокот на Ајзенкот го доби првото гласање…

Политичкиот блок предводен од Гади Ајзенкот го…

Нафтата поскапе откако Иран порача дека ќе…

Цените на нафтата пораснаа за околу два…

Претставничкиот дом ја блокираше иницијативата за импичмент…

Американскиот Претставнички дом ја запре иницијативата за…

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…