Објавено на:

По 7 месеци директорот на ГТЦ призна: ИМАЛО КРАЖБА НА СТРУЈА ОД ФИРМАТА НА БАЈРАМ, надлежните молчат

t

Ѓоко Трајчевски, директорот на АД ГТЦ по протестот на сопствениците на дуќаните во овој трговски центар во Скопје, за одредени медиуми првпат призна дека имало кражба на струја од страна на фирмата на браќата Елвис и Габриел Бајрам. Сопствениците на дуќаните во ГТЦ со месеци укажуваат на тоа дека по откривањето на магацините преполни со ригови за „копање“ биткоини, тука некој вршел кражба на струја, но реакција од надлежните институции нема.

Трајчевски во изјава за ТВ Алфа призна дека акционерското друштво на кое е тој директор, АД ГТЦ, нема лиценци за продажба на струја, на вода, на топлинска енергија, лиценца за издавање на деловен и станбен простор… Седум месеци по скандалот со откривањето на „копањето“ на биткоини за што е потребно 24 часовно напојување на струја, Трајчевски изјави дека имало кражба на струја. Фирмата на Бајрам со години била сместена во подрумските простории на ГТЦ. Управата на ГТЦ за потребите на Бајрам донеле струја и ги климатизирале просториите, но заборавиле да постават и струјомер. Седум месеци потоа Трајчевски призна криминал во државна компанија за кој што тој знаел и не го пријавил во полиција или обвинителство. Инаку Габриел Бајрам е советник во Град Скопје од партијата на Ромите, коалициски партнер на владеачката СДСМ.

Лани во декември и МВР и обвинителството официјално изјавија дека нема да проверуваат дали Бајрам крадел струја во ГТЦ оти никој не пријавил, а за „копање“ биткоини нема кривично дело. Дуќанџиите едноставно не можат да пријават кражба, затоа што тие и не ја набавуваат електричната енергија директно од дистрибутерите, туку преку посредникот АД ГТЦ. Во случајов, за раководството на АД ГТЦ очигледно не претставувало никаков проблем тоа што некој тука со години крадел струја, ама сепак, седум месеци по откривањето на скандалот со биткоините на Бајрам, конечно установиле некаква кражба на струја. Зборуваме за сомневања за кражба на струја во милионски вредности.

А за сомневањата за тоа за колкава кражба на струја станува збор, пишувавме пред неколку дена. Последниот договор на АД ГТЦ со ЕСМ продажба  ДОЕЛ склучен лани на 16 ноември за годишна набавка на електрична енергија е за 6.359 мегаватчаса. Лани истиот договор бил за 12.779 мегаватчаса. Наеднаш истите дуќанџии, истата компанија има потреба за двојно помалку струја.

Проблемите во ГТЦ не завршуваат тука, велат од Здружението на граѓани сопственици на деловен простор во ГТЦ 1973. Тие на протестот пред Владата укажаа и на дивоградбите распоредени по заедничките простории на ГТЦ (сендвичари, продавници за сладолед, тезги…), диви лифтови, зелената градина изградена без градежна дозвола, бесплатна климатизација за рудниците за биткоини и за блиската околина, на енергетското расипништво во празни простории, неплаќањето на режиските трошоци за дуќаните во сопственист на АД ГТЦ…

„Ние се надеваме дека Трајчевски не е соучесник во копањето биткоини и во кражбата на електрична енергија. Но зошто криел до сега и дури сега после 7 месеци вели дека ќе преземе мерки против закупецот за кражба на електрична енергија“, прашуваат од здружението и бараат да се изврши вештачење на целиот овој скандал, најавуваат поднесување на групна тужба и барање за отштета, АД ГТЦ да ги врати украдените пари на дуќанџиите.

Ова здружение уште лани на 16 ноември официјално од АД ГТЦ побара да пријави кражба на електрична енергија во подрумите. Tие се сомневаат во двојна кражба со електрична енергија во АД ГТЦ – електрична енергија крадена од системот на ГТЦ и преку покривање на загубите во системот на АД ГТЦ со кражба на дуќанџиите преку зголемување на сметките за дури 500 отсто.

На 23 декeмври Републичката комисија за енергетика писмено го извести АД ГТЦ дека треба да поднесе барање за лиценца затоа што досегашното нивно работење е без лиценца и е нелегално.

До ден денес не е постапено…

Извор: МКД.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бог да чува: Малолетник крадел од манастир

На 27.03.2024 во 18.50 часот во Кавадарци,…

На сред ноќ упаднале во домот на…

На 20.03.2024год., во 03:30 часот во Полициската…

(ФОТО) Филмска кражба: Тинејџери упаднале во луксузен…

Група тинејџери упаднале во салон за луксузни…

Тетовец украл „Мерцедес“ од паркинг, полицијата го…

Ноќеска (1 февруари) околу 2 часот и…

Хакерите ширум светот годинава украле милијарди долари…

Хакерите ширум светот годинава украле милијарди долари…