„Правда за Викторија“, народот излегува пред Кривичен суд по изречената пресуда

t

Во петокот со почеток од 10 часот пред Кривичниот суд во Скопје се организира протест „Правда за Викторија“. Организатор на протестот е Леонид Даов, момчето на Викторија Николова која загина во сообраќајна несреќа, а во која Даов беше повреден.

Во креираниот настан на социјалната мрежа Фејсбук се наведува дека „Викторија и Леонид не добија пресуда која е правична и праведна“.

-Немаме владение на правото, немаме спокој на душите. Имаме граѓанско право да го кренеме својот глас и за Викторија, но и за сите жртви на сообраќајно насилство и неправедно пресуди! Да ја разбудиме свеста, да бидеме гласот на покојните и гласот на жртвите! Да кажеме СТОП НА ЛОШИТЕ ПРЕСУДИ И СТОП НА СООБРАЌАЈНОТО НАСИЛСТВО! На 15.04.2022 (петок) од 10:00 до 11:00ч Ве повикувам пред Кривичен Суд Скопје да го искажеме нашиот револт и да го запреме крварењето по улиците и пешачките премини ширум државата, стои во повикот објавен на Фејсбук.

Протестот се организира по изрекувањето на пресудата за случајот, според која возачот Јордан Ѓоргиев кој ја усмрти Викторија беше осуден на три години затвор. Ваквата пресуда за семејството на Викторија и за Леонид е премала. Таткото на 24 годишната почината девојка пред судот рече дека е згрозен од државата и дека поради вакви пресуди никој нема доверба во ова судство.

23 годишниот возач пред судот претходно ја призна вината и изрази каење. Судот, како што беше објаснето, при донесување на пресудата за олеснителна околност ги земал неговата возраст, тоа што прв пат доаѓа во судир со законот. Исто така не го завршил своето образование и е студент, не е оженет и нема оформено потесно семејство. Тоа беа дел од причините за ублажување на законскиот минимум кој е 4 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Комити со уште една моќна кореографија…

Вардар денеска против Тиквеш го играше последниот…

Сашо Тасевски ја пофали полицијата: Цело време…

Пишува Сашо Тасевски на Фејсбук: Ајде откри…

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ веќе 5 дена…

Универзитетското студентско собрание на УКИМ апелираше до…

ЛУЃЕТО ВО ГАЗА МОЛАТ ЗА ЛЕБ: Половина…

Заменик-директорот на Светската програма за храна на…

(Фото) И Раде Штекли си замина од…

Раде Трајковски – Штекли кој преживеа два…