Правен примитивизам е да се бара притвор за секое дело!
Правен примитивизам е барање на притвор за секое сторено кривично дело, вели професорот по кривично право, Гордан Калајџиев за „Локално“, коментирајќи ги актуелните случувања во Македонска навигазија.
-Јас дадов мислење дека според мене не е такво кривично дело зошто намерата не била да се загрози сообраќајот. „Пресметката” (насилство) можела да биде и во Фудбалска федерација. Не велам дека треба ни да се занемари, вели Калајџиев.
На осомничените, смета професорот, ова треба да им се земе како отежнувачка околност или покрај насилство да се товарат за загрозување од небрежност.
Во однос на тоа што не беше предложен притвор за групата, Калајџиев истакнува дека Уставот оставил на судот да одлучи такво нешто.
-Притворот не смее да биде правило. Притворот не е брза казна. Има двоен услов: 1. да има сериозни сомневања за конкретното кривично дело и 2 основи за притвор: 2.1. опасност од бегство или 2.2 повторување на делото или 2.3 влијание врз доказите, објаснува професорот.
Калајџиев е дециден дека притисокот да се притвора по дефиниција за секое дело е правен примитивизам. Вели дека во минатото бевме често критикувани поради изрекување на мерката притвор што е во спротивност со меѓународната судска пракса каде оценките за донесување на притвор се прилично строги.
Според Калајџиев, позитивно е тоа што судот и пред одлучувањата на Кривичниот совет се обратил до јавноста за да образложи својата одлука, но професорот укажува дека жалбата на обвинителството на судската одлука значи непочитување на судот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продолжен притворот за ќерката која со чекан…
Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд…
Добил отказ од Аеродроми на Црна Гора…
Во државното друштво за контрола на летање…
Обвинетите за хаосот во М-НАВ добија условни…
Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе пресуди…
Таткото на Вања останува во притвор!
Александар Ѓорчевски– таткото на 14-годишната Вањa која…
Укинат притворот за шестмината обвинети за инцидентот…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…