Правен примитивизам е да се бара притвор за секое дело!

t

Правен примитивизам е барање на притвор за секое сторено кривично дело, вели професорот по кривично право, Гордан Калајџиев за „Локално“, коментирајќи ги актуелните случувања во Македонска навигазија.

-Јас дадов мислење дека според мене не е такво кривично дело зошто намерата не била да се загрози сообраќајот. „Пресметката” (насилство) можела да биде и во Фудбалска федерација. Не велам дека треба ни да се занемари, вели Калајџиев.

На осомничените, смета професорот, ова треба да им се земе како отежнувачка околност или покрај насилство да се товарат за загрозување од небрежност.

Во однос на тоа што не беше предложен притвор за групата, Калајџиев истакнува дека Уставот оставил на судот да одлучи такво нешто.

-Притворот не смее да биде правило. Притворот не е брза казна. Има двоен услов: 1. да има сериозни сомневања за конкретното кривично дело и 2 основи за притвор: 2.1. опасност од бегство или 2.2 повторување на делото или 2.3 влијание врз доказите, објаснува професорот.

Калајџиев е дециден дека притисокот да се притвора по дефиниција за секое дело е правен примитивизам. Вели дека во минатото бевме често критикувани поради изрекување на мерката притвор што е во спротивност со меѓународната судска пракса каде оценките за донесување на притвор се прилично строги.

Според Калајџиев, позитивно е тоа што судот и пред одлучувањата на Кривичниот совет се обратил до јавноста за да образложи својата одлука, но професорот укажува дека жалбата на обвинителството на судската одлука значи непочитување на судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мнав кривично го гони Управниот одбор –…

Македонска навигација го „бомбардира“ Обвинителството за гонење…

Обвинителството бара притвор за 31 годишникот кој…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Сериозен дефект на главната радио-станица на Солунска…

Сериозен технички дефект на главната радио-станица на…

Побаран притвор за 19 годишникот од село…

Обвинителството соопшти дека наредило обдукција на телото…

Ја влечел, па ја удирал со шлаканици,…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и…