Правниот застапник на Еуромакс Ресоурцес со свое мислење за актуелната ситуација со рудникот Иловица
Правниот застапник на Еуромакс Ресоурцес изнесе свое мислење за актуелната ситуација со рудникот Иловица.
-Почитувани,
Во однос на јавниот интерес во врска со управните процеси, и решенијата на Управните судови според кои се потврдува правното стојалиште дека Барањето за спојување на концесиите е претходно правно прашање за кое Владата има облигаторна обврска да постапи пред да превземе било какво друго дејствие, во прилог ви го доставување стручното правното мислење на Адвокатско друштво БОНА ФИДЕ Скопје, кое што е правниот застапник на Еуромакс Ресоурцес во процесите пред Управните судови:
“Друштвото за производство, промет и услуги Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје во јануари 2016 година, согласно член 61 од Законот за минерални суровини, има поднесено Барање за спојување на концесиите за проектот „Иловица-Штука“.

Според истиот Закон, одлука за спојување на концесиите донесува Владата по добивање на образложен предлог од Министерството за економија кое е должно да направи увид на локалитетот и да изготви Записник.
По Барањето на Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје за спојување на концесиите, Министерството за економија направило увид и изготвило Записник за извршен теренски увид уште во февруари 2016 година. Според Записникот, постапката за спојување на концесиите може да продолжи со оглед дека не постојат правни и фактички пречки. Врз основа на извршениот увид и изготвениот Записник, Министерството за економија, во неколку наврати поднесува до Владата предлог за одобрување на Барањето на Еуромакс за спојување на концесиите со образложение дека сите правни и технички услови се исполнети.
Ниту една од Владите од 2016 година до јули 2023 година нема донесено Одлука по конкретното Барање заради што Еуромакс Ресоурцес ДОО Скопје побара правна заштита во управен спор согласно македонското релевантно законодавство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МНОЗИНСКИОТ СОПСТВЕНИК ВО „ИЛОВИЦА“ ИНВЕСТИРА НАД МИЛИЈАРДА…
Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата…