Правосудство и обвинителство ќе земаат повисоки плати: Прифатени измените и дополнувањата на Законот за плати на јавните обвинители

t

Владата денеска ги прифати и измените и дополнувањата на Законот за плати на јавните обвинители.

Со предложените одредби се прилагодува коефициентот за утврдување на плата на јавните обвинители и вкупните заложби за подобрување на материјалните и финансиските ресурси во правосудниот систем вклучително и платите и другите надоместоци на јавните обвинители.

Цел на предложените законски измени е надградување на системот на плати на јавните обвинители, соодветни на значењето и угледот на функцијата кои тие ја вршат, тежината на работата и нивната одговорност.

На оваа своја седница Владата ги утврди и измените и дополнувањата на Законот за изменување на Законот за судска служба.

Основната цел на Предлогот на законот е постигнување на еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор, судската служба како негов дел, со најниските примања преку воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на судските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во судската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел. Истовремено, во рамките на усогласувањето на Законот за судска служба со Законот за минимална плата во Република Македонија, се врши и зголемување на платите на вработените во судската служба за 15%.

Владата денеска го утврди и текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за јавно обвинителска служба кој има за цел воспоставување на ист износ на законска минимална плата и скалесто усогласување на останатите плати на јавно обвинителските службеници од сите нивоа, како и обезбедување на континуитет на промените на платите во јавно обвинителската администрација во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел. Во рамките на усогласувањето на Законот за судска служба со Законот за минимална плата во Република Македонија, се врши и зголемување на платите на вработените во судската служба за 15%.

На предлог на Министерството за правда, на денешната седница се утврдени и измените на Законот за платите на членовите на Советот на јавни обвинители на Република Македонија.
Во предложениот законски текст се менуваат коефициентите за утврдување на плата на членовите на Советот со цел надградување на системот на плати на членовите на Советот на јавните обвинители, соодветни на значењето и угледот на функцијата кои ја вршат, тежината на работата и нивната одговорност.

Сите овие измени и дополнувања на Законот за плати на јавните обвинители, на Законот за судска служба, на Законот за јавно обвинителска служба и на Законот за платите на членовите на Советот на јавни обвинители на Република Македонија, ќе бидат доставени на усвојување во Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Треба да се задолжам за да…

Бујар Османи, министерот за надворешни работи и…

Ќе се регулира распределбата на предмети во…

Министерството за правда најави дека ќе се…

(Видео) Илјадници претставки се испраќаат до Судскиот…

Илјадници претставки се праќаат до Судскиот совет,…

Бугарски “Рекет”, голема акција на бугарското обвинителство:…

Бугарскиот градежен бизнисмен Велико Желев е обвинет…

Дојава за бомба во зградата на бугарското…

Дојавата за бомба ги затвори сите згради…