Правото на абортус ќе биде вклучено во Уставот на Франција
Франција се подготвува да стане првата земја во светот што ќе го вклучи правото на абортус во својот устав, објави денеска Би-Би-Си.
Претставници на Долниот дом и Сенатот на францускиот Парламент утре ќе се сретнат на специјална седница во Версај, со која ќе претседава претседателот Емануел Макрон.
Ако владиниот предлог биде изгласан со три петинско мнозинство, како што се очекува, тогаш во Уставот од 1958 година ќе се внесе „загарантираната слобода“ на жените да абортираат.
Тоа ќе биде 25-ти амандман на францускиот устав и прв од 2008 година.
Поттикнати од укинувањето на федералната заштита на правото на абортус во САД пред две години, поддржувачите на правото на абортус силно ја поддржуваат уставната ревизија, која тие ја гледаат како гаранција дека истото нема да се случи и во Франција.
Анкетите покажуваат дека околу 85 отсто од француската јавност ја поддржува реформата.
Правото на абортус во Франција беше законски уредено од 1975 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се урна воен авион во североисточна Франција
Воен авион се урна во вторникот доцна…
Марин Ле Пен профитира од хаосот на…
Откако избувнаа немири во градовите низ Франција…
Франција денес очекува 140.000 демонстранти
Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…
Експлодираа протестите во Франција: Повредени 40 директори…
Повеќе стотици средни училишта низ Франција и…
(Видео) Хаос на протестите на француските гимназијалци:…
Протестите на гимназијалците во Франција, кои започнаа…