Објавено на:

Празник во Битола: Пелистер ќе игра против ПСЖ, Кил и Кјелце!

t

Македонскиот претставник во Лигата на шампионите, екипата на Пелистер, на денешната ждрепка во Виена доби исклучително силна група во која меѓу другото ќе имаат пресметки против гиганти како ПСЖ, Кјелце и Кил.

Битолчани против себе ќе го има и Колштад, ракометното чудо од Норвешка, кој иако влегува од последниот барабан, сепак, најавува формирање исклучително силен тим со буџет со кој би можел да им парира дури и на најдобрите. Добро познато име има во групата на зелено-белите, а тоа е хрватски Загреб, додека последните два тима против кои ќе игра нашиот првак се ПИК Сегед и дански Алборг.

Лигата на шампионите започнува на 13/14 септември, а до крајот на годината ќе бидат одиграни десет кола, додека останатите четири ќе бидат напролет во 2024 година.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…

НАТО се откажа од одржувањето на самитот…

Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…

Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…

Во просториите на Општина Тетово се одржа…

ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…

Пријавени се проблеми во работењето на услугите…

Израел ќе се приклучи на нападите врз…

Израелската армија проценила дека во моментов нема…