Пратеник на Борисов: Се надеваме дека што поскоро антибугарските сили нема да ја водат Македонија и ќе почнат преговорите со ЕУ
Парламентарната група на ГЕРБ и бугарските европратеници во последните недели во Европскиот парламент вложија огромни напори за да се осигурат дека извештајот за Македонија е објективен и конструктивен, пишува БГНЕС.
– Жалиме што наидуваме на лоша намера од страна на Република Северна Македонија, или поточно од страна на владата. Ова го изјави пратеникот на ГЕРБ, Тома Биков, објави БГНЕС.
– Очекуваме и посакуваме РСМ да започне преговори со Европската Унија, но откако ќе видиме дека тие антибугарски сили, кои според нас се и антиевропски, се ставени во позиција да не ја водат државата РСМ, додаде Биков. Се надеваме дека тоа ќе се случи што е можно поскоро. Вклучувањето на Бугарите во уставот е важно, не затоа што ќе ги реши сите проблеми, туку затоа што ќе започне почеток на процес во кој Бугарија и РСМ ќе бидат добри соседи со добри односи и луѓето од двете страни на границата ќе можат да живеат во хармонија и заедно, додаде Биков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Излезноста во Бугарија до 14 часот е…
Излезноста на претседателските избори во Бугарија до…
Ѓуров: Гласав за сигурна, стабилна и европска…
„Гласав за сигурна, стабилна и европска Бугарија.…
Бугарија гласа во вториот круг од претседателските…
Избирачките места во Бугарија се отворени од…
Познати бугарски политичари и општественици повикаа на…
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, е меѓу…
Србин осомничен за тероризам, со соучесник ги…
Литванските власти соопштија дека двајца осомничени за…