Пратеник на ГРОМ му одговори на Вархеји: За иднината на Македонија одлучува македонскиот народ!
Единствен до овој момент кој реагираше на скандалозната изјава на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји е пратеникот на ГРОМ, Љупчо Пренџов кој му порача на еврокомесарот дека за иднината на државата одлучува македонскиот народ.
-Вархеј денес ни соопштил две важни работи:
– дека Македонија не започнала преговори со ЕУ туку дека само Албанија ги започнала и
– дека македонската опозиција е виновна што не прифаќа прво бугаризација па потоа европеизација на Македонија.
Мојата порака до него е прво да го праша неговиот колега и претходник Јоханес Хан зошто бевме излажани во 2018 година дека ако го промениме името ќе започнеме преговори со ЕУ?!
Додека Хан ни ги даваше овие ветувања, Заев и брат му Бојко се гледаа на секои 5 дена и Бугарија беше силен поддржувач во идејата да го смениме уставното име, да го решиме нашиот единствен и најголем проблем со цел отварање на патот кон ЕУ
Вие господине Вархеј секојдневно патувате низ ЕУ и Балканот, земате големи дневници и уште поголеми плати, после неколку години ви завршуваат мандатите и одите во удобна пензија, а ние Македонците со секој од вашите мандати губиме од достоинство и човекови права за кои нашите претци се бореле и ги положиле своите животи.
Следниот пат господине Вархеј внимателно бирајте ги зборовите кога се обраќате кон Македонија и Македонците и држете се до вашиот дипломатско – бирократски мандат.
П.С. За тоа кој е “пијан”, а кој “трезен” во македонското Собрание, ќе проценат единствено гласачите на следните парламентарни избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вториот пензиски столб не се укинува: Велковски…
Вториот пензиски столб нема да се укине,…
Канал 12: Нетанјаху можеби разгледува удар врз…
Израелскиот опозициски лидер Авигдор Либерман стравува дека…
ЗНМ ги осудува заканите по живот упатени…
„Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро…
„РУСИЈА ИМА 11 ВРЕМЕНСКИ ЗОНИ – КАКО…
Францускиот левичарски политичар Жан-Лик Меланшон предупреди на…
Жена пронајдена почината во Кисела Вода
На 21.11.2026 во 14:05 часот во СВР…