Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за пожарот во Кочани

t

Пратениците на СДСМ и Коалицијата, денеска поднесоа иницијатива за основање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, на којашто се придружија и пратениците од Левица а беше дел и од барањата на семејствата на загинатите и повредените, се вели во соопштението од СДСМ.

Анкетната комисија треба да ја утврди целата вистина, како и на кој начин била загрозена безбедноста на присутните во објектот во Кочани, да ги утврди институционалните пропусти, прекршувањата на законските одредби, како и да лоцира политичка одговорност.

Врз основа на наодите, пратениците предлагаат Анкетната комисија да изготви и на Собранието да му поднесе Извештај најдоцна еден месец по завршување со работа.

Ги повикуваме сите пратеници од сите политички партии да ја поддржат оваа иницијатива, активно да учествуваат во процесот, Собранието што поскоро да ја формира и Анкетната комисија да започне со работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа…

Пратениците на СДСМ и Коалицијата, денеска поднесоа…

СДСМ исклучува од членство советник од општина…

На денешната седница Извршниот одбор на СДСМ…

Пратениците на СДСМ утре ќе поднесат предлог…

Пратениците на СДСМ и Коалицијата утре ќе…

Филипче: Власта врши притисок врз судството

Претседателот на СДСМ и на Националниот совет…

Филипче: Реформи нема, Македонија губи време

На денешната седница на Националниот совет за…