Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за пожарот во Кочани

t

Пратениците на СДСМ и Коалицијата, денеска поднесоа иницијатива за основање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, на којашто се придружија и пратениците од Левица а беше дел и од барањата на семејствата на загинатите и повредените, се вели во соопштението од СДСМ.

Анкетната комисија треба да ја утврди целата вистина, како и на кој начин била загрозена безбедноста на присутните во објектот во Кочани, да ги утврди институционалните пропусти, прекршувањата на законските одредби, како и да лоцира политичка одговорност.

Врз основа на наодите, пратениците предлагаат Анкетната комисија да изготви и на Собранието да му поднесе Извештај најдоцна еден месец по завршување со работа.

Ги повикуваме сите пратеници од сите политички партии да ја поддржат оваа иницијатива, активно да учествуваат во процесот, Собранието што поскоро да ја формира и Анкетната комисија да започне со работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон…

Во Брисел испративме два закони – Кривичниот…

АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…

Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…

Со цел споменот на 63-те загинати во…

Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…

Секој кој ќе ги исполни условите може…

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…