Пратениците на СДСМ утре ќе поднесат предлог за надзорна расправа и Анкетна комисија за Кочани
Пратениците на СДСМ и Коалицијата утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“ објави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче повикувајќи ги сите пратеници да ги поддржат.
„Пратениците на СДСМ и Коалицијата ги поддржуваат барањата на семејствата на загинатите и повредените во Кочани и утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“, за утврдување на вистината и одговори на сите прашања.
На денешната координација на пратеничката група на СДСМ и раководството на партијата оценивме дека ова се неопходни чекори за проверка на постапувањето на сите институции, утврдување на политичка одговорност, како и подготовка на понатамошни мерки и решенија за вакви трагедии никогаш повеќе да не се случат во Македонија.
Ги повикувам сите пратеници од сите политички партии да ги поддржат овие иницијативи во македонското Собрание.“ стои во објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на иста линија со…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозициската СДС дека со…
СДСМ: Под радарот течат матни зделки на…
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска –…
„Цените се до плафон – мерки од…
„Цените во Македонија со месеци се до…
Лефков: СДС знае само за „марихуана Македонија“,…
Венко Филипче и СДС напаѓаат се што…
СДСМ: Македонските медиуми не смеат да бидат…
По предупредувањата на македонските телевизии, по реакциите…