Пратениците се скараа за предлогот професорката Родна Живковска да биде уставен судија
Професорката од Правниот факултет, Родна Живковска, е вториот кандидат за уставен судија за кој се расправа во Комисијата за избори и именувања.
Живковска е предлог на опозицијата која за неа имаше само пофални зборови. Пратениците од ВМРО ДПМНЕ, тврдеа дека се работи за истакнат професор со богата биографија, споредувајќи ја со предлозите за уставни судии од владејачката коалиција.
Од владејачкото мнозинство, пак, одговорија со тврдења дека се работи за кандидат кој има блиски релации со опозициската партија. Според пратеникот Мартин Костовски, професорката Живковска била донатор за партиската кампања на ВМРО ДПМНЕ од 2020 година.
Вториот ден од комисиската расправа продолжи и со забелешка на опозициските пратеници за одбиениот предлог кандидатите за уставни судии лично да се претстават пред нив, но и прашуваа зошто судијката од граѓанскиот суд Антоанета Димовска, за која тврдат дека поднела апликација, не се нашла меѓу предлозите. Претседателката на комисијата најави образложение, додека дел од останатите пратеници на власта се на став дека е потребна реформа на начинот на избор на уставните судии.
Вчера комисиско зелено светло доби судијата од скопска Апелација, Фатмир Скендер, како прв утврден предлог на владејачката коалиција за нов судија во Уставниот суд. Откако ќе се гласа за професорката Живковска ќе останат уште седум кандидати меѓу кои актуелниот државен обвинител Љубомир Јовески и професорот Саво Климовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…