Објавено на:

Пратениците ќе ни ја “кројат” судбината: Петков официјално го исклучи МНР од процесот со Македонија

t

Ќе му предложам на Министерскиот совет да донесе одлука во врска со Република Македонија, изјави премиерот Кирил Петков на почетокот на денешната владина седница, јави известувачот на БГНЕС.

БГНЕС уште во вторникот објави детален текст од предлогот, кој премиерот го соопшти утрово.

Точка 1: Секој предлог од страна на француското претседателство со Европската унија од земја-членка или Европската комисија за одобрување на почеток на преговори за членство во ЕУ на PM и Албанија, направен во подготовка за или за време на состанокот на Комитетот на Постојаните претставници или Советот за општи работи, кој отстапува од Рамковната позиција на Советот на министри од 2019 година, веднаш да бидат испратени од Постојаното претставништво на Република Бугарија во ЕУ до Комитетот за надворешна политика на Национално собрание.

Точка 2: Претставниците на Република Бугарија во Комитетот на постојаните претставници и во Советот за општи работи да не се согласат со предлогот од точка 1 до нивната расправа во Народното собрание, а во случај на нивно отфрлање од Народното собрание да изразат негативна позиција за нив.

Со други зборови, Петков, по читањето на предлогот за кој денеска ќе гласа Советот на министри, продолжи: Да биде јасно – секој предлог што се разликува од рамковниот став треба веднаш да се испрати до Народното собрание и да не се даде согласност додека се расправа во Народно собрание и доколку има негативна одлука – автоматски дајте негативен одговор.

На овој начин избегнуваме секакви шпекулации дека оваа влада ќе направи нешто во врска со РМ и оваа тема мора целосно да се реши од пратениците во Народното собрание. Ова е веќе одлука на Министерскиот совет, рече Петков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…

Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…

САД констатираа дека Бугарија прикрива руски хибридни…

САД констатираа дека Бугарија не се бори…

Македонските одбојкари денес против Бугарија: Комплетен распоред…

Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска го започнува…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…