Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон по итна постапка поради спречување и отстранување на поголеми нарушувања во стопанството

t

Денес до Собранието на Република Македонија ќе поднесеме закон по итна постапка поради спречување и отстранување на поголеми нарушувања во стопанството. Законот кој го поднесуваме во итна постапка се однесува на намалување на акцизите за енергентите, вели Бојан Стојаноски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено, бараме нашиот досегашен предлог повторно да биде разгледан од Собранието и конечно да биде усвоен за доброто на граѓаните и стопанството. Моделот на Владата за намалување на акцизите е сложен и како што гледаме нема позначаен ефект. Во моментов акцизата за дизел и бензин горивата е намалена за само 1 денар. Намалувањето на акцизата не треба да биде врзано со движењето на цената на барелот, туку треба да е фиксно. Поради моделот на власта ја имаме моменталната ситуација на секојдневно заседавање на Регулаторна комисија за енергетика и гужви и недостиг на гориво на бензиските станици поради непредвидливост во поглед на цените на енергентите. Токму затоа, бараме фиксно намалување за 50% на акцизите за дизел гориво и бензинот, истакна тој.

Стојаноски посочи дека се надеваат дека власта ќе се вразуми.

-Дополнително, поради сериозното покачување на цените на метанот и автоплинот т.е. течен нафтен гас бараме целосно намалување на акцизата од 4,9 денари за овие енергенти. Со овој наш предлог, литар дизел гориво веднаш ќе се намали за 9 денари, литар бензин ќе се намали за 12 денари, а метанот и плинот за 5,5 денари по литар. Се надеваме дека власта ќе се вразуми и ќе го прифати нашиот предлог за намалување на акцизата со цел полесно справување со оваа криза. Со нашиот предлог му помагаме на стопанството, а со тоа и на граѓаните. Само пониска акциза значи помош за транспортниот сектор, а со тоа и превенирање од повисоки цени на производите по маркетите, такси превозот, меѓуградскиот превоз и многу други сектори кои имаат транспортни трошоци, посочи Стојаноски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОГРОМЕН УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ: Во преполната…

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски вечерва славеше со…

Буркина Фасо ги забрани радио станиците Би-Би-Си…

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците…

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го замениле името Македонија во…

Вечерва во ТВ соочување во емисијата само…

Пендаровски во Крушево: Не ни помислувам да…

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија,…

Се јави Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски…

И на изборите во 2006 година имаше…