Пратеничката Јована Мојсоска обвинува за прикривање на труење со цијанид во Крива Паланка

t

Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска, денес објави сериозни обвиненија кон Државниот инспекторат за животна средина и Министерството за животна средина, обвинувајќи ги за прикривање на загадување со цијанид во водата во Крива Паланка. Според Мојсоска, два недели жителите на Крива Паланка биле оставени да користат вода загадена со опасни хемикалии, вклучително цијанид и арсен, што, како што наведува, е резултат на тесните врски меѓу рударската компанија БУЛМАК и владејачката партија ДПМНЕ.

„Ова е соопштение од Државниот инспекторат за животна средина од 14 март, каде се наведува дека нема хаварија во Крива Река и водата е само механички загадена. Но, дури вчера, независна акредитирана лабораторија потврди дека водата има присуство на цијанид и арсен десет пати над дозволеното! Значи, две недели народот бил оставен да се труе со цијанид, додека рударската компанија БУЛМАК продолжува да се поврзува со ДПМНЕ“, изјави Мојсоска.

Таа додава дека министерот Меџити помпезно најавил казна од 200.000 евра за рударската компанија, но укажува дека вакви казни во минатото не надминуваат 18.000 евра, што, според неа, е знак за обид за забошотување на случајот.

Мојсоска бара кривична одговорност за тројца високи функционери на Државниот инспекторат за животна средина, кои, како што тврди, се обиделе да сокријат труење на народот:

  • Ивана Гиновска, в.д. директор на Државниот инспекторат за животна средина,
  • Зоран Стојнев, државен инспектор за животна средина,
  • Благој Игновски, државен инспектор за животна средина.

„Мора да има кривична одговорност за оние што го прикриваа труењето на народот со цијанид!“, порача Мојсоска.

Оваа објава предизвика силни реакции во јавноста и ја покрена прашањето за транспарентноста и одговорноста на државните институции во справувањето со загадувањето и заштитата на здравјето на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…