Прашина во воздухот! Над Македонија има големо количество пустински песок од Сахара
Поради силното изразено јужно воздушно струење над Македонија и над Балканскиот полуостров се наоѓа големо количество на пустински песок од Сахара кој што ќе условува висока концентрација на прашна во воздухот. Па затоа врнежите од дожд ќе бидат проследени со висока концентрација на песок односно се очекува нечист дожд .
Во Македонија денес ќе преовладува умерено облачно, ветровито и топло време. Во доцните попладневни и во вечерните часови нестабилно време со врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во југозападните, јужните и југоисточните предели, локално да наврнат и до 10 литри. Во текот на ноќта четврток кон петок врнежите од дожд ќе продолжат. Ќе дува доумерен југоисточен ветер кој што ќе достигне брзина до 30 км/ч. Максималните дневни температури во Македонија денес ќе достигнат од 9 до 19 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во петок ќе преовладува облачно и нестабилно време со пообилни врнежи од дожд, ветровито и топло време со дневни температури кои што ќе бидат во опаѓање. Локално се очекуваат да наврнат и до 15 литри дожд. Минималните температури од 4 до 11 степени, додека пак дневните ќе достигнат од 6 до 16 степени. Во сабота во утринските часови нестабилно време со слаби и локални врнежи од дожд. Во текот на денот ќе престануваат и ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди и топло време. Утринските температурти од 2 до 9 степени, додека пак дневните од 9 до 19 степени. Во недела постудено утро со пад на утринските температури кои што ќе бидат во опаѓање и ќе се движат во интервал од -1 до 6 степени. Во текот на денот ќе преовладува сончево и топло време со дневни температури од 10 до 20 степени. Во понеделник во Македонија ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди и топло време. Во доцните попладневни и во вечерните часови нестабилно време со слаби и локални врнежи од дожд. Утринските температури од -1 до 6 степени, додека пак дневните ќе достигнат од 10 до 20 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од утре исплата на средства за клиентите…
Од утре, 5 ноември, граѓаните што имаат…
Уапсен е прилепчанец, полицијата дома му најде…
Полицијата вчера уапсила млад прилепчанец откако при…
Клиника за детски болести: Обезбедена е современа…
Уште една добра вест од Клиниката за…
Криптопазарот изгуби 300 милијарди долари за еден…
Криптопазарот се соочува со нов бран на…
Потпишан договор вреден над 40 МИЛИОНИ ДЕНАРИ…
Делчево ќе добие реконструирана и модернизирана градска…