„Прајм“ во регионот забранет – АХВ нема добиено нотификација дека е небезбеден безалкохолен пијалак
Агенцијата за храна и ветеринарство нема добиено нотификација преку Европскиот систем за известување за небезбедна храна и храна за животни (RASSF) дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден безалкохолен пијалак.
Како што соопшти, во регистарот за збогатена храна на Агенцијата за храна и ветеринарство регистриран е безалкохолен пијалак PRIME HYDRATION DRINK за кое АХВ има издадено одобрение за ставање во промет. Кај нас е одобрена верзијата без кофеин т.е. производи декларирани како пијалаци за хидратација (PRIME HYDRATION DRINK) кои се збогатени со витамини и амино киселини, со различни вкусови.
За овие производи, како што се наведува, постои мислење од Фармацевтскиот факултет дека можат да се употребуваат како збогатена храна, почитувајќи ги препораките за консумација и предупредувањата наведени на означувањето на овие производи.
– Апелираме до потрошувачите доколку на пазарот најдат производ од овој бренд кој не е регистриран/одобрен од Агенцијата, тоа да го пријават во АХВ, лично, на бесплатната линија за потрошувачи 0800 3 22 22 или електронски на [email protected]., стои во соопштението од Агенција за храна и ветеринарство.
Инаку, денеска, Словенија го забрани овој пијалок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…