Прванов: Со кревање на ветото Бугарија ја губи битката за историјата
Поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов, повика на конструктивен пристап помеѓу Софија и Скопје. Како што јави дописникот на МИА во Софија, според Прванов, колку и да е едноставен францускиот предлог, тој е дипломатски воздржан и дава некаква основа и насока за излез од оваа неколкугодишна дипломатска криза.
Поранешниот бугарски претседател изрази надеж дека ќе се направи потег да заврши и оваа сага. Тој рече дека со укинувањето на ветото, Бугарија ја губи битката за историјата.
„Очигледно, ветото не може да го смени ставот на македонското општество. Дури и повеќе од најблиските народи, какви што беа и како што нѐ прогласија двајцата премиери на Бугарија и Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев, земјите станаа најнепријателски“, коментира Прванов.
Тој е дециден дека треба да се работи на обновување на билатералните односи, за ново зближување меѓу Бугарија и Македонија, а тоа е можно, но не на начин да се влијае врз европските институции.
Прванов го најави новото издание на книгата „Илинденско-преображенското востание 1903 низ очите на европските дипломати”, чиј коавтор е самиот тој.
Публикацијата, според поранешниот бугарски претседател, „ја расветлува документарната вистина за настаните меѓу двата народа пред повеќе од 100 години“. Книгата ќе се дистрибуира во бугарските амбасади во странство и европските институции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарските компании се соочуваат со рекордни цени…
Сè поголем број компании во Бугарија размислуваат…
Напад со дронови во Црното Море кај…
Бродот што беше нападнат со дронови во…
Министрите за одбрана на Бугарија, Романија и…
Трилатерална средба на министрите за одбрана и…
Јотова одби интервју за Си-Ен-Ен, Ѓуров зборуваше…
Кандидатката за нов претседателски мандат Илијана Јотова…
Радев со застрашувачки изјави: Во вториот круг…
Изборите се многу тревожен сигнал за целото…