Првата група украински пилоти ја завршија обуката во САД за управување со Ф-16
Првата група воени пилоти од Украина поминаа обука за Ф-16 во воена база во Аризона. Ова го соопшти портпаролката на американската Национална гарда, Ерин Ханиган, пренесе Политико.
„Пилотите беа на обука во 162-та база на воздушната национална гарда во Тусон“, рече Ханиган.
Портпаролката не прецизираше колку украински воен персонал бил дел од групата, наведувајќи го почитувањето на оперативните безбедносни барања.
Украинските пилоти сега се упатуваат кон Европа на дополнителна обука.
Според Политико, Украина планира да добие повеќе од 60 авиони Ф-16 од Норвешка, Данска, Холандија и Белгија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Агресивно се однесувал кон мајка си, приведен…
Четириесет и седумгодишен жител на Гевгелија бил…
Ноќеска издадено автоматско предупредување за земјотрес со…
Милиони жители во 17 европски земји биле…
Градоначалникот на Кочани ќе има средба со…
Во текот на оваа работна недела, градоначалникот…
Јорданов прогласи кризна состојба во делови од…
Жителите на повеќе населби во Штип ќе…
Амбасадата на Иран во Атина ја демантираше…
Амбасадата на Иран во Атина денеска ги…