Првиот човек може да оди во затвор до 10 години, паричната казна е до 200 илјади евра: Цементарница „УСЈЕ“ заработи кривична пријава од Град Скопје
Првиот човек на Усје може да заработи казна затвор до 10 години, а цементарницата парична казна од 180 до 200 илјади евра. Градот Скопје ја поднесе кривичната пријава за тешки дела против животната средина и природа.
Oд градот апелираат ОЈО темелно да ги истражни наводите и соодветно да постапи по пријавата.
Ова следи откако во два наврати, на крајот на минатиот, и на почетокот на овој месец, мерењата на инспекторите покажале дека фабриката испушта повеќе штетни честички од дозволеното. Наместо дозволениот максимум од 50 микрограми на метар кубен, од оџакот се испуштале 121 микрограми секој час, бидејќи котлите работеле на мазут, наместо на гас.
Извештајот од вонредниот инспекциски надзор го потврди и ресорното министерство.
Инспекторатот вчера направил уште една контрола при што констатирале дека котларата за загревање веќе се префрлила од мазут на гас и почнале да мерат на сите емисиони точки од производните процеси.
Од Усје, пак, тврдат дека независно тело континуирано мери колку загадува и според бројките, не ги надминале границите за пм10 честички.
Арсовска уште минатата недела на прес-конференција рече дека поседува цела листа на енормни загадувачи на главниот град и истата ќе биде јавно објавена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“,…
Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на социјалните…
(Видео) Барбов потврди дека Заев му се…
Лошо го спремале докторот во партијата затоа…
ОН предупредуваат на голема прехранбена криза во…
Обединетите нации, според првичните информации, предупредуваат на…
Бугарскиот пратеник Ивајло Мирчев: Путин веќе напаѓа…
Бугарскиот пратеник Ивајло Мирчев: Путин веќе напаѓа…
Дали Филипче и Заев се пазареле со…
Случајот со Ива Михаилова ја потврдува тезата…