Првиот човек на АХВ до Трипуновски – „Собираш ситни политички поени со злоупотреба на чувствата на луѓето“
Трипуновски воопшто не ги познава процедурите, ниту ја познава проблематиката, вели првиот човек на Агенцијата за Храна и Ветеринарство, Николче Бабовски. Како одговор на тврдењата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ дека на рафтовите во маркетите имало протеински јогурт со присуство на афлатоксин, Бабовски вели дека ова е само обид за собирање на ситни политички поени врз чувствата на граѓаните.
Воедно нагласи дека денешната негова изјава не е одговор на манипулациите на Трипуновски, туку е објаснување за граѓаните, за тие да бидат сигурни дека она што е на рафтовите во маркетите и продавниците е безбедно и контролирано од институциите.
реклама
„Споменатиот пробиотски, а не протеински јогурт како што го крсти Трипуновски, да имаше две пратки, по 7 илјади и нешто килограми. Двете пратки, со оглед дека доаѓаат од соседна држава, за која АХВ веќе има издадено налог за засилен инспекциски надзор, се проверени и востановена е количина на афлатоксин повеќе од дозволената, но проверката е направена во магацините, во складовите каде што увозникот го складира тој производ и воошто тие не се појавија на ниту еден маркет во нашата држава. Веќе производот е вратен од земјата на потекло“, посочи Николче Бабовски.
За суровото млеко откупено од фармерите од македонска млекарница, Бабовски вели дека утврденото присуство на афлатоксин било со т.н. брз тест, по кој е направен и конфирматорен тест од страна на Факултетот за ветеринарна медицина кој бил негативен на афлатоксин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…
Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…
Мерц се закани дека ќе го блокира…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…
Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…
Русија и Украина со добра волја пристапуваат…
Експлозија во турска челичарница: Загинаа 16 луѓе,…
Најмалку 16 лица загинаа, а 13 се…
Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…
Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…