Првиот човек на грчката Пошта поднесе оставка по најавата за затворање на 200 филијали
Планираното затворање на 204 поштенски филијали скапо го чинеше директорот на Грчката пошта (ЕЛТА), Григорис Скликас, кој поднесе оставка, пренесе весникот „Катимерини“.
Скликас ја поднел оставката откако многу граѓани дознале дека нивните локални пошти биле затворени преку ноќ, што предизвикало остри реакции. И покрај оставката, владата останува при планот за затворање на околу една петтина од вкупно нешто повеќе од илјада пошти.
Директорот се бранел дека работат со застарена опрема и несоодветна дигитална инфраструктура. Грчката пошта се соочува со недостиг од персонал и милионски загуби, а долгот изнесува околу 140 милиони евра.
Портпаролот на владата, Павлос Маринакис, изјави дека планот за реструктурирање и затворање на филијалите е конечен, но призна дека одлуката за нивно затворање без претходна консултација со граѓаните била погрешна.
Тој најави дека реформата ќе се спроведе по дијалог со јавноста и дека целта е сите граѓани да имаат пристап до поштенски услуги
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен гевгеличанец, еве што најдоа полициските службеници
Ноќеска (16.08.2026) во 00:50 часот, на брана…
Вирусот на западнонилска треска се шири во…
Првите три случаи на западнонилска треска оваа…
Шокантна изјава на Бен-Гвир: „Убивајте по 30…
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…
„Поло“ запрено кај Струмица, возачот предал марихуана…
На магистралниот пат Струмица–Радовиш, полициски службеници од…
(Видео) Стотици туристи во опасност, започната е…
Две лица загинаа во пожар што избувна…