Првиот човек на МААЕ: Иран е блиску до нуклеарно оружје
Директорот на МААЕ, Гроси, кој денеска го посети Иран, во интервју за Ле Монд изрази желба неговата организација да биде вклучена во дијалогот започнат во Оман меѓу Иран и САД за иранското нуклеарно прашање. Тој изјави дека верува оти Иран е „не далеку“ од поседување нуклеарно оружје.
Иран и САД во сабота во Оман треба да одржат втор круг разговори за нуклеарната програма на Техеран, а претходно во Русија се очекува иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Ројтерс.
Кремљ во вторникот одби да коментира дали Русија е подготвена да ја преземе контролата врз иранските залихи збогатен ураниум како дел од можниот иден нуклеарен договор меѓу Иран и САД.
Гардијан објави дека се очекува Техеран да го отфрли предлогот на САД да ги пренесе своите резерви збогатен ураниум на трета земја како што е Русија, како дел од договорот со кој Вашингтон се обидува да ја ограничи нуклеарната програма на Иран.
Американските и иранските власти одржаа индиректни разговори во главниот град на Оман, Мускат, за да се обидат да постигнат нов договор за контроверзната иранска нуклеарна програма, јавува Би-Би-Си.
Во 2018 година, Доналд Трамп ги повлече САД од претходниот нуклеарен договор меѓу Иран и светските сили и повторно воведе економски санкции, што го налути Иран.
Американскиот претседател предупреди на можноста за воена акција доколку преговорите не успеат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина прекина со извоз на горива поради…
Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…
Храната поскапи за 128% – Иранската валута…
Иранската валута e на рекордно ниска вредност.…
Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…
Катар продолжува да посредува и да пренесува…
Арагчи: Отворени сме за преговори, но подготвени…
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…
Трамп демантира дека му понудил на Иран…
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги отфрли…