Прво дебата па покачување на пензиите – Здруженијата на пензионери незадоволни

t

Најдоцна до следниот месец власта, експертите и здруженијата на пензионерите ќе започнат со преговорите за промена на моделот на пресметка на растот на пензиите. Министерката за труд и социјална политика Јованa Тренчевска вели дека планот на владата е пензиите да растат, а колку и кога тоа ќе се случи ќе биде одлучено на јавната расправа помеѓу засегнатите страни.

„Да отвориме една експертска дебата за промена на системот на усогласување на пензиите. Оваа дебата ќе ја отвориме час поскоро, со експертската јавност, со сите заинтересирани страни, за да дојдеме до решение до решение со кое ќе го подобриме статусот на пензионерите“, вели Тренчевска.

Пензионерите од овој месец ќе имаат повисоки пензии за околу три отсто, но од нивните здруженија веќе реагираа дека тоа е малку. До Владата испратија барање пензиите да се зголемуваат со исто темпо како што расте и просечната плата. Зголемените трошоци за живот им ја намали куповната моќ на лицата од третата доба, особено на примателите на најниските пензии кои се на ниво од 11 илјади денари. Нивното зголемување сега изнесува скромни 300 денари. Актуелното законско решение вели дека пензиите годишно се зголемуваат два пати, во јануари и во јуни. Висината зависи од тоа колку се зголемени трошоците на живот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…