Прво заедничко чествување: Османи и Милков положија цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски
Со положување цвеќе на споменикот на Св.Климент Охридски пред Националната и универзитетска библиотека што го носи неговото име, министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков заеднички го чествуваа ликот и делото на Св.Климент Охридски.
Во рамките на денешните активности во Скопје по повод одржувањето на бизнис форумот меѓу двете земји, Османи и Милков ја посетија НУБ „Св.Климент Охридски“, каде што, како што соопшти МНР, ја разгледале богата колекција на уметнички дела – изложба посветена на 50-годишнината од пуштањето во употреба на специјалниот наменски објект на НУБ „Св. Климент Охридски“, дело на архитектот Петар Муличковски, како и изложба на дела од еминентни ликовни уметници на кои е претставен Св. Климент Охридски од колекцијата на Климе Коробар.
Претходно, на заедничката прес-конференција на двајцата министри Милков рече дека
заедничката историска комисија има најголеми заслуги штонеговата земја и Македонија ќе го прослават заеднички делото на Свети Климент Охридски.
– Сакам да одбележам дека за првпат ја празнуваме дејноста на Свети Климент Охридски кој е еден од најпознатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј кои ние ги почитуваме. Заслугата заеднички да чествуваме некој празник оди кај историската комисија и сакам да ја пофалам работата нејзина затоа што придонесува за развојот на нашите односи, рече Милков пред македонско-бугарскиот форум кој ги собра бизнисмените од двете земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…
Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Бугарија стана светски лидер во складирање струја…
За помалку од две години, Бугарија стана…
Румен Радев ја повика Европа на дијалог…
Европската Унија треба да води дипломатски дијалог…
Бугарија се задолжува за нови 2,25 милијарди…
Бугарската влада во вторник се задолжи за…