Прв случај на западнонилска треска во Тетово

t

Регистриран е прв случај на заболен со западнонилска треска во Тетово. Според неделнот извештај на Институтот за јавно здравје, вкупната бројка на заразени во земјава заклучно со 22 септември изнесува 70. Од нив 65 се водат како потврдени, а пет како веројатни.

Според место на живеење на заболените, 63 случаи се од Скопје, три случаи од Велес и по еден случај е од Куманово, Свети Николе, Кавадарци и Тетово.

„Регистрирани се 69 автохтони случаи и еден случај со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во Македонија. Од регистрираните случаи, 52 или 74,3% се машки, а 18 или 25,7% се женски. Во однос на возрасната дистрибуција, најголем дел се лица на возраст над 60 години (81,4%), седум се лица на возраст од 50-59, две лица на возраст од 40-49 години, едно лице на возраст од 30-39, а три лица на возраст од 20-29 години.“, информира ИЈЗ.

Сите заболени со невроинвазивна болест (68) биле хоспитализирани. Од нив испишани се 50 или 73,5%, додека сè уште на лекување се 9. До 22.09.2026 година, регистрирани се 9 смртни случаи кај пациенти со невроинвазивна болест, сите лица од машки пол со просечната возраст изнесува 71,1 години. Сите починати лица биле хоспитализирани, а осум од нив биле со коморбидитети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…

Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…

Мерц се закани дека ќе го блокира…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…

Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…

Русија и Украина со добра волја пристапуваат…

Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…

Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…