Прв случај на зика вирус во Македонија: Се инфицирал на Малдиви, ИЈЗ со детали
Македонски државјанин кој летувал на Малдиви е позитивен на зика вирусот, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Ова е прв регистриран случај на Зика вирусна инфекција во земјава и иако станува збор за импортиран случај, здравствените власти укажуваат на реална можност за појава на нови импортирани случаи поради интензивниот меѓународен транспорт и трендовите за патувања во тропски туристички дестинации.
Како критични дестинации каде што има документирана циркулација на вирусот Зика преку каснувања од азиски тигрест комарец се наведуваат Малдивите, Тајланд, Индонезија, Бразил и Карипскиот регион.
„Според добиените епидемиолошките податоци на Одделението за вирусологија при ИЈЗ, заболеното лице во периодот од 20-28.05.2026 година престојувало на Малдиви. За време на престојот, пациентот потврдил дека бил каснат од комарец. Првите знаци на болеста се јавиле на 24.05.2026 година со треска, болки по телото-мускулите и зглобовите, лесно покачена температура, за подоцна по четири дена да се појави и ситен, густ осип. Пациентот бил прегледан, а направени се и лабораториски испитувања за денга, зика и чикунгуња во Одделението за вирусологија при ИЈЗ. Согласно резултатите од микробиолошкото испитување, добиен е позитивен серолошки и молекуларен наод за зика“, велат од ИЈЗ.
Пациентот не бил хоспитализиран, туку е пратен на домашно лекување и во моментот се наоѓа во добра општа состојба.
Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) континуирано регистрира вакви патнички асоцирани случаи кај лица кои престојувале во ендемски подрачја, а ризикот за лицата кои патуваат во тие региони се проценува како низок до среден.
Што се однесува до домашната сосотојба, ризикот за населението во земјата во моментов се оценува како низок.
Од ИЈЗ советуваат дека граѓаните можат значително да го намалат овој ризик со доследно спроведување на препорачаните превентивни мерки за заштита од убоди од комарци и придржувањето кон стручните совети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прв случај на зика вирус во Македонија:…
Македонски државјанин кој летувал на Малдиви е…
Фон дер Лајен: ЕУ мора да има…
Украина и Европа сакаат мир, а единствениот…
Трамп лаже дека сум го молела да…
Трамп тврдеше дека Мелони го молела да…
Зеленски: Украина ја има втората најсилна армија…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги оцени вооружените…
Иран објави нови правила за премин преку…
Иран објави нови правила за премин преку…