Прв состанок на Координативното тело на градоначалници на Градот Скопје за 2023 година: Изготвен акциски план

t

Денеска се одржа првиот состанок на Координативното тело на градоначалници на Градот Скопје за 2023 година, објави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

– Координација на активностите на општините во градот Скопје со посебен осврт на координирана акција за справување со загадувањето, институционално постапување за интегрираните еколошки дозволи, чистење на дивите депонии, заедничко постапување за справување со комуналните проблеми, како и нови мерки за ограничување на тешките товарни возила низ општините беа темите на кои денес разговаравме со градоначалниците на скопските општини.

На Координативното тело на градоначалници на Градот Скопје, со главна цел конкретни решенија за предизвиците со кои се соочени општините, изготвен е акциски план, по кој се започнува со реализација, а со секоја следна координација ќе се надополнува планот соодветно на состојбата на терен. Непоходно е да соработуваме сите за да имаме побрзи решенија за кои е неопходна координација и заеднички активности. Само со меѓусебна соработка ќе постигнеме брзи решенија.

Координативното тело на градоначалници под Градот Скопје согласно Закон, делува во интерес на граѓаните, а на седниците се разгледуваат прашања од заеднички интерес на општините под градот Скопје и се изнаоѓаат навремени и ефикасни решенија. На седницата присутни беа 6 градоначалници на општините под надлежност на Град Скопје и тоа Сарај, Карпош, Чаир, Кисела Вода, Аеродром и Центар, напиша Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заврши обдукцијата, телото на Вања е предадено…

Обдукцијата врз телото на 14-годишната Вања Ѓорчевска…

Захарова откри на кого Лавров му рече…

Реченицата на министерот за надворешни работи Сергеј…

Лавров: Во Европската унија нема демократија туку…

Во Европската унија нема демократија туку „дисциплина…

Лавров одговора на прашања на Инфомакс! Македонија…

Нема непртијателски држави и народи, туку непријателски…

(Видео) Хаос: Скопје и утрово е блокирано!

Скопје и утрово е блокирано поради Самитот…