Прв уписен рок на УКИМ за академската 2022/2023 година
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје денеска и утре е првиот рок за пријавување за упис во прва година во академската 2022/2023 година за кандидатите кои се рангираат само според успехот од средното образование.
На 15 и 16 септември е вториот и на 28 септември – третиот рок. За оние кандидати кои покрај успехот од средното образование се рангираат и според проверка на знаења и умеења, првиот рок за пријавување беше на 25 и 26 август, вториот е на 14 и 15 септември и третиот рок на 28 септември.
Според Конкурсот за запишување на додипломски студии во учебната 2022/2023 година, на Скопскиот универзитет се слободни 10 918 места.
Од нив, 5306 места се за редовни студенти во државната квота кои плаќаат годишна партиципација од 200 евра. За редовни студенти кои ќе плаќаат школарина од 400 евра се наменети 4522 места и 1090 места за вонредни студенти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Физички напад во Лабуништа: 36-годишник претепан од…
На 10.11.2026 година, во 09:37 часот, во…
Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…
Иран произведува 50 балистички ракети месечно
Иран и покрај повеќемесечните воздушни напади на…
ПАЃА ПРОДАЖБАТА НА СТАНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА: За…
Пазарот на недвижности во Македонија бележи забавување…
Русија собра 47 бомбардери способни за носење…
Според податоците од проектот „АвиВектор“, кој го…