Превозниците од денешните блокади: Без нас продавниците ќе бидат празни!
Генералната секретарка на превозникот „Макам-Транс“, Билјана Муратовска денеска информира дека со блокадите на граничните премини сакаат да ѝ покажат на ЕУ што ќе се случи доколку се прекине синџирот на снабдување. Оценува дека не е така едноставно сите фабрики и сите увозно-извозни фирми да запрат и да не превезуваат.
Се блокира затоа што од 10-ти април ќе започне електронско сметање на времето за престој во Шенген-зоната, тоа се три месеци до шест месеци. Ова правило кога започна да важи пред 17 години се однесуваше само на 5-6 земји од Шенген, а од минатата година веќе се 29 држави.
-Професијата професионален возач не е турист ниту мигрант. Работи во сопствената држава, возилата е регистрано во сопствената држава, а ЕУ сака да не запре да работиме. Ова е огромна дискримација која се прави кон патниот превоз бидејќи постои регулатива според која ЕУ ги ослободила од броење на денови за престој сите други видови на превоз. Ние како превозници треба да имаме ист третман, кажа Муратовска.
Превозници потенцираат дека ова се прави предвреме за да покажат пример.
-Без нас транспортерите, продавниците ќе бидат празни, а ние не сакаме да нанесеме штета на нашето граѓанство. Затоа праќаме сигнал што може да се случи. Во април ако не ни одобрат, не ни мора да протестираме, ќе си стојат камионите и нема да има возачи кој да ги вози. Тек тогаш ќе видат, додаде Муратовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Превозниците од денешните блокади: Без нас продавниците…
Генералната секретарка на превозникот „Макам-Транс“, Билјана Муратовска…
Македонија има ББ- кредитен рејтинг според „Стандард…
„РС Македонија доби потврда за спроведувањето на…
(ВИДЕО) Добредојде за сите, освен за Инфомакс:…
ПР тимот на Титан Усје им посака…
Жител на Романовце со „ауди“ удрил полицаец,…
На 14.01.2026 во 23:30 часот во с.Романовце, кумановско,…
Тетовец платил 2.000 евра за лажни документи…
На 13.01.2026 во 11:20 часот во СВР…