Превозниците од Западен Балкан на координативна средба денеска во Скопје

t

Денеска во Скопје ќе се одржи регионална средба на здруженијата на превозници од Западен Балкан на која ќе се утврдат активностите што ќе се преземат во следниот период за да се надмине проблемот со којшто се соочуваат професионалните возачи при престој во Шенген зоната.

Откако Европската Унија воведе нови правила за престој во Шенген зоната, најпогодени беа професионалните возачи кои и протестираа против ваквата одлука. Превозниците бараат изземање од правилото со кое престојот се ограничува на 90 дена во период од 180 дена.

Превозниците за првпат се среќаат во Скопје, а најавено е учество на претставници од Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.

„Проблемот се уште не е решен. Средбата се одржува за да ја утврдиме агендата на нашите идни активности, изјави вчера за МИА Биљана Муратовска од Асоцијацијата на превозници – МАКАМТРАНС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…

Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…

Трамп не се помирува со поразот: Објави…

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…

Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…

Во Солун уапсен маж кој се барал…

Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…

Клековски најави формирање комисија за случајот со…

Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…