Превртен автомобил на патот кон Дојран – пожарникарите спасија приклештена жена
Се превртело возило со гевгелиски регистарски ознаки, спасена е една жена со помош на интервенција на пожарникарите од Гевгелија, Валандово, Дојран.
Утрово три противпожарни единици учествуваа во извлекувањето на приклештено лице во превртено возило на пат кон Дојран.
Акцијата за извлекување на загрозениот возач од превртеното возило траеше речиси час и половина, од 05:30 до 06:55 часот изутринава.
Спасена е жена која за среќа претрпела само полесни повреди.
Сообраќајката е пријавена утрото на меѓународниот број за итни случаи за помош 112 и пријавено е превртен автомобил со тројца заглавени на раскрсницата за Дојран према Ѓопчели.
На повикот за помош на меѓународниот телефонски број одговориле трите најблиски пожарникарски екипи од Гевгелија, Валандово и Дојран.
Спасувачките дејствија ги завршила екипата на ТППЕ Гевгелија. Од таму велат дека по повикот, на терен затекнале едно превртено возило „Берлинго“ и една заглавена жена која е успешно извлечена од превртеното возило на кров, со претрпени полесни повреди.
Увид на местото на настанот изврши и екипа на ПС Гевгелија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест…
Високите температури предизвикале колапс кај возач, кој…
(Видео) Тешка сообраќајка во скопско, се судрија…
Денеска (09.08.2026) во 16:00 часот на регионален…
Малолетик нападнал полицаец во Скопје
На 08.08.2026 во 08:00 часот во Полициската…
19-годишник направил експлицитни видеа и фотографии од…
На 08.08.2026 во 21:40 часот во Кочани,…
Трагедија кај Брајчино: Мотоциклист загина откако излетал…
Трагичен сообраќајен инцидент се случил рано утринава…