Прегазено 10-годишно девојче на велосипед во Велешко, тешко е повредено..
Во СВР Велес вчера попладне во 16 часот било пријавено дека во велешкото село Горно Оризари, на крстосница од улица „Партизанска“ со улица „Сараевска“ се случила сообраќајна несреќа во која настрадало десетгодишно девојче на велосипед.
Во сообраќајката учествувале велосипед управуван од малолетничка од село Горно Оризари и патничко возило „шкода“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 48 годишниот С.Б. од село Горно Оризари.
Како што информира денеска Билјана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во болницата во Велес.
По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
Марина Андова, портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес, за МИА информира дека во болницата нешто по 16 часот било донесено 10 годишно девојче од село Горно Оризари, велешко, на кое и била дадена итна лекарска помош и упатена во оддел за Радиодијагностика,каде била констатирана скршеница на рачен зглоб.
-По укажаната лекарска помош од страна на хирург,пациентката е пуштена на домашно лекување, појасни Андова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД потрошиле над 47 милијарди долари за…
Американските вооружени сили потрошиле над 47 милијарди…
(Видео) Малолетник нападна полицаец со два ножа…
Малолетник од Шабац е убиен ноќеска пред…
Министрите за одбрана на Бугарија, Романија и…
Трилатерална средба на министрите за одбрана и…
Уапсено уште едно лице осомничено за убиствата…
Вчера вечер е уапсено уште едно лице…
Израелските избори без јасен победник: Нетанјаху и…
Излезните анкети од парламентарните избори во Израел…