Објавено на:

Преговорите меѓу Израел и Хамас пропаднале поради ослободување на жените

t

Како што преговорите застанаа во ќорсокак околу жените, Хамас се заложи за почеток на преговори за ослободување на мажите – веројатно за различен сет услови, според изворот. Израел ја отфрли таа идеја, инсистирајќи дека е императив прво да бидат ослободени сите жени, објави Си-Ен-Ен.

Израелските и американските власти веруваат дека Хамас продолжува да држи како заложници голем број жени на возраст од приближно 20 до 30 години – многу од нив киднапирани од музичкиот фестивал Нова. Хамас инсистира на тоа дека некои од преостанатите жени што ги држеле како заложници се сметаат за дел од израелските одбранбени сили, што Израел го негира.

Претходно денеска, израелската влада објави дека го отповикала својот тим преговарачи од Катар откако дошле до „ќорсокак“ во преговорите.

„Терористичката организација Хамас не го исполни својот дел од договорот, кој вклучуваше враќање на сите жени и деца држени како заложници, во согласност со списокот испратен до Хамас и одобрен од нив“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун –…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска посочи дека…

Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари…

Пентагон денеска објави дека потпишал договор вреден…

Претседателот на Хрватска утре ќе побара вонредна…

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре ќе испрати…

Ѓорѓиевски: По две децении Серава добива нов…

Проектот за уредување на коритото на реката…

Затвор за разговор со странски новинари: Иран…

Иран го заострува притисокот врз медиумите со…