Преговорите со ЕУ ќе ги отстранат сите пречки во трговијата, почна билатералниот состанок за Поглавјето 1

t

Денеска, во Брисел почна билатералниот скрининг-состанок за Поглавјето 1, „Слободно движење на стоките“, кое е дел од вториот кластер „Внатрешен пазар“.

Македонската делегација ја предводи заменичката на главниот преговарач на Република Македонија со ЕУ, Дрита Абдиу-Халили, која ги посочи напредокот и спроведените реформи во ова поглавје со конкретни активности.

„Со почитување на обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (ССА) од 2009 година донесовме сеопфатна хоризонтална стратегија за слободно движење стоки и целосно имплементиравме акциски план за усогласување со членовите 34-36 од ТФБЕ, кои резултираа со вкупно 42 правни акти, кои беа идентификувани како мерки со еквивалентно дејство на квантитативни ограничувања, кои беа укинати или изменети до 2016 година. Во моментот, со поддршка на техничката помош на ЕУ, во рамките на ИПА-проектот ‘Зајакнување на внатрешниот пазар’, почнавме со подготовка на нова стратегија, ажурирана со најновото европско законодавство и продолживме со сеопфатен преглед на законодавството релевантно од гледна точка на предизвикување нецарински пречки во трговијата со цел да се подготви нов акциски план со рокови за отстранување на овие пречки“, истакна, меѓу другото, во својот говор заменичката на главниот преговарач, Дрита Абдиу-Халили.

Таа исто така укажа дека имаме уште за работа во областа на ова поглавје и дека се потребни посуштински реформи потенцирајќи дека несомнено отворањето на поглавјата за време на преговорите за полноправно членство во ЕУ, како и континуираната поддршка од Европската комисија, ќе го дадат потребниот поттик за подлабоко и повеќе ефикасно спроведување на реформите во однос на слободното движење на стоките.

Слободното движење на стоките е една од четирите основни слободи на ЕУ. Принципот на слободното движење на стоките значи дека производите произведени во земја членка на Европската Унија може слободно да циркулираат во други држави во рамките на единствениот пазар на ЕУ.

Единствениот пазар на ЕУ е основан пред 30 години, има 415 милиони потрошувачи и сочинува 18 % од глобалната економија. Трговската размена на стоки меѓу Македонија и Европската Унија зафаќа вредност повеќе од 10 милијарди евра, односно 5,2 милијарди евра увоз на стоки од земјите на ЕУ и 5 милијарди евра извоз на стоки од нашата земја во земјите на Европската Унија.

Усогласеното европско законодавство за производи, кое треба да се транспонира, го претставува најголемиот дел од acquis. Повеќе од суштинско значењето да се има доволен административен капацитет за известување за трговските ограничувања и спроведување хоризонтални и процедурални мерки во областите, како што се: стандардизација, оцена на сообразност, акредитација, метрологија и надзор на пазарот.

Презентациите на преговарачкиот тим за Поглавјето 1, „Слободно движење на стоките“, ќе продолжат во следните четири дена, а в петок почнува билатералниот скрининг за Поглавјето 4, „Слободно движење на капиталот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето…

Пет тинејџери се обвинети за терористички дела…

ЦУК: Без пожари на отворено, поплавен подвозник,…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

Украинските мажи нема да можат да вадат…

Украинската влада донесе одлука со која дополнително…

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ:…

По скоро целосна обработка на гласачките ливчиња,…

Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото…

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…