Преговори за нов попуст: ќе продолжи ли трендот на поевтини горива?

t

Ќе плаќаат ли возачите помалку за дизел во период кога енергетската неизвесностостанува една од главните теми во Европа? Владата очекува договор со ОКТА за дополнителен попуст од два денари по литар, додека институциите уверуваат дека до крајот на годинава нема закани за снабдувањето со гориво.

Премиерот Христијан Мицкоски при посетата на општина Чешиново-Облешево најави дека Владата ќе разговара за можноста за дополнително намалување на цената на дизелот, а преговорите со снабдувачот ОКТА продолжуваат.

Одговарајќи на новинарско прашање дали мерките за поевтино гориво ќе продолжат и по 20 октомври, Мицкоски рече дека Владата е блиску до договор за дополнителен попуст.

„Продолжуваат преговорите со снабдувачот ОКТА задополнителен попуст.Мислам дека сме блиску до постигнување решение за дополнителни два денари по литар да имаме барем кај дизелот намалување на цената“, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека Владата ќе продолжи со истата политика во делот нацените на горивата.

„Кај нас влијаат тековите на светските берзи. Но, факт е дека Владата, за разлика од сите влади во Европа, најмалку зафаќа во делот на ДДВ и акцизата и затоа граѓаните денес имаат најниски цени кога станува збор за дизелот и безоловниот бензин. Ќе продолжиме со таа политика“, рече премиерот.

Обезбедени количини гориво и без промена на цената на струјата
Според Мицкоски, состојбата наглобалниот енергетски пазар останува сложена, но Владата засега успешно се справува со предизвиците. Тој уверува дека до крајот на годинава се обезбедени доволни количини за сите видови горива и дека не очекува поголеми проблеми ниту во текот на следната година.

„Продуктоводот што го поврзува солунското пристаниште со нашата рафинерија е под притисок и е наполнет, така што доволни количини на гориво ќе има за граѓаните. Ќе продолжиме со оваа политика за да го заштитиме стандардот на граѓаните колку што можеме“, истакна Мицкоски.

Премиерот ги отфрли и шпекулациите за можно поскапување на електричната енергија до крајот на годината и најави дека цената останува иста.

Мицкоски се осврна и на податоците на Евростат според кои цените на храната и безалкохолните пијалаци во земјата се 25 проценти под просекот на 36 европски држави.Тој оцени дека Владата презема мерки за стабилизирање на инфлацијата и посочи дека Северна Македонија има една од најниските стапки на инфлација во регионот.

Собранието ја продолжи кризната состојба до април 2027 година
Во меѓувреме Собранието во рамки на 126. пленарна седница, донесе одлука за продолжување на кризната состојба за уште шест месеци поради можноста од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати.

Согласно одлуката, кризната состојба ќе важи до 20 април 2027 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нападнат клучниот саудиски нафтовод „Исток–Запад“: Избувнал пожар,…

Саудиска Арабија соопшти дека нејзиниот стратешки нафтовод…

Морничави закани кон новинарката Милка Смилевска на…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро…

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит –…

Пожарот што попладнево избувна во куќи во…

Горат магацини кај Бит-пазар, пожарникарите со сите…

Голем пожар избувна доцна попладнево во близина…

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета…