Преголем број Европејци сѐ уште погрешно употребуваат антибиотици

t

Европската Комисија објави анализа за употребата на антибиотици во ЕУ, а резултатите сѐ уште не се задоволителни.

Утре се одбележува паневропскиот ден на сензибилизација против антибиотици. По овој повод анализата покажува дека преголем број граѓани во ЕУ и натаму веруваат дека антибиотиците убиваат вируси, што е медицински погрешно.

Според анкетата 23 отсто од испитаниците употребиле антибиотик во измината година, што е сепак најнизок број од 2009 и покажува подобрување на знаењето на граѓаните.

Но, како што посочува Европската Комисија, преостанува уште многу работа на полето на сензибилизацијата. Комисијата алармира повторно дека отпорноста на антибиотици е една од трите најголеми опасности за здравјето на луѓето. За да се надмине проблемот Комисијата повикува на засилена координација меѓу земјите членки на ЕУ.

Секоја година во ЕУ, Исланд и Норвешка над 35 илјади луѓе умираат поради инфекции отпорни на антибиотик. Ова значи дополнителен товар од 1,5 милиони ера за здравствените системи во ЕУ.

Во овој контекст Европската Комисија најави дека на почетокот на идната година ќе предложи промени на фармацевтското законодавство за справување со овој проблем и препорака до Советот на ЕУ. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинеските технолошки гиганти нарачале чипови од „Нвидиа“…

„БајтДенс“, „Алибаба“ и „Тенсент“ нарачале повеќе од…

Италија испраќа 500 војници во Милано по…

Италијанските власти планираат распоредување 500 војници во…

Вашингтон го отстранува DeepSeek од државните системи:…

Американското Министерство за домашна безбедност нареди отстранување…

САД ѝ се заканија на ЕУ со…

Американскиот амбасадор во Европската Унија, Ендрју Паздер,…

Турција го испрати во парламент одбранбениот пакт…

Турција го доставила на парламентарна ратификација одбранбениот…