Предавници фашисти – клети врховисти: Народот ќе ви суди за предавствата

t

Утре на македонско тло ќе стапне ЕУ емисарот госпожа Урсула фон дер Лајен и така слаткоречиво ќе излезе пред парламентарците и ќе ги убедува дека треба да гo прифатат протоколот и преговарачката рамка со којa сите ние ќе станеме европејци и од утре натаму мед и млеко ќе протече низ Македонија, а всушност тоа што треба да прифатиме е почеток на процес на асимилација и колонизација.

Тоа со громогласен аплауз ќе биде прифатено од простата аморфна маса на владеачката коалиција предоводена од СДСС која мисли дека има право да ја распродава Македонија како да е добиток на сточен пазар.

Еве дел од “рамката” за асимилација:

„Владата на Република Северна Македонија се обврзува дека пред одржувањето на Првата меѓувладина конференција ќе ги заврши соодветните процедури и ќе ги вклучи во својот Устав оние нејзини граѓани кои живеат на територијата на земјата и се дел од бугарскиот народ, и ќе да го усогласи своето важечко законодавство, така што ќе ги одрази измените направени на Уставот.“

„Владата на Република Северна Македонија, согласно чл. 11 ст. 5 од Договорот, ја потврдува заложбата дека ништо во нејзиниот устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија со цел да се заштитат статусот и правата на лицата кои не се граѓани на Република Северна Македонија.“

Страните ја потврдуваат својата посветеност да преземат акција против говорот на омраза и ги назначуваат министерствата за надворешни работи како контакт институции за заедничко идентификување на такви случаи во натписите на јавни згради и споменици, текстови во учебници и наставни програми, како и во медиумскиот простор (вклучувајќи ги онлајн и социјалните медиуми).

Народот ќе ви суди!!!
Велепредавство – Член 305
Признавање на окупација – Член 306
Загрозување на независноста – Член 308

Предавници фашисти – клети врховисти!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…

Присуството на Левица на јавната трибина „Што…

АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…

Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…

Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…

Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…