ПРЕДЛОГОТ ЗА БОЖИКНО ПРИМИРЈЕ Е НА МАСА, ЗЕМИ ИЛИ ОСТАВИ; Зеленски ќе биде одговорен ако Украина не прифати прекин на огнот

t

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денеска соопшти дека предлогот за прекин на огнот во Украина за време на Божик и натаму е актуелен, а украинскиот претседател Володимир Зеленски мора сам да преземе одговорност дали ќе го прифати или не.

ЗЕЛЕНСКИ ЌЕ ГО ЖРТВУВА ПОКРОВСК ЗА БОЖИКНА ОФАНЗИВА? Украина изгуби половина од териториите во Курск
„Предлогот за прекин на огнот е на маса. Земи или остави. Тоа е твоја одговорност“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс.

Орбан рече дека на маса е можноста за масовна размена на воени заробеници и прогласување Божикно примирје.

„Едната страна го прифати тоа, додека, пак, се чини дека другата тоа го одби. Но, има уште неколку дена до Божик и ние се надеваме на најдоброто“, рече Орбан.

Орбан пред една недела изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрлил предлогот на Унгарија до Украина за Божик да воспостави примирје со Русија и да изврши голема размена на затвореници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…