Предлогот за укинување на ветото во процесот на пристапување во ЕУ, не е прифатен поеднакво од сите – вели Марта Кос

t

Пред денешната седница на Совет за општи работи што се одржува во Луксембург, еврокомесарката за проширување, Марта Кос претпладнето изјави дека предлогот за укинување на ветото од страна на земјите членки кон земјите кои пристапуваат кон ЕУ, е смело решение, кое наидува на различни реакции.

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, го оцени предлогот за укинување на ветото во процесот на проширување како смело решение, и покрај различните ставови на земјите членки на ЕУ
Европската комисија предлага пофлексибилно одлучување со поширока примена на квалификуваното мнозинство, почитување на принципот на заслуги и постепена интеграција на земјите кандидати уште пред полноправното членство.

Црна Гора затвори уште три поглавја и сега има вкупно 21 од 35 затворени поглавја. Денеска се одржуваат меѓувладини конференции со Албанија, Молдавија и Украина, додека Македонија не е поканета на овонеделните конференции.

Но, како што рече Кос, вакви предлози не смеат да се ставаат настрана само поради различните ставови.

-Да, свесни сме за тоа, но знаете, ако се повлекуваме секојпат кога мислиме дека нешто нема да помине во Советот, тогаш што би правеле? Навистина, некои од нашите предлози се смели, но живееме во време што бара смелост, така што мораме да одиме напред. Од една страна, ги имаме земјите-кандидати, кои сега гледаат дека не им го одземаме правото на вето. Единственото нешто што го предлагаме таму е тие доброволно да дадат некаква изјава дека нема да внесуваат билатерални прашања во процесот на проширување; ставовите на земјите-членки, пак, се многу различни. Некои од нив би сакале подетално да се разгледаат заштитните механизми. Други, пак, велат дека сакаат да се задржи принципот на едногласност, рече Кос.

Неделава пред Европскиот совет ќе се најдат предлозите од пакет за политиките пред проширувањето, во кој се утврдени политичките ориентации и активности потребни за подготовка на Унијата за идните проширувања. Укинувањето на можноста да се стави вето, е еден од предлозите

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителство бара притвор за пребеганата Ива Михајлова

Пребеганата Ива Михаилова не се јавила во…

ДИК ги утврди содржината, изгледот и заштитата…

Државната изборна комисија 19. седница едногласно ги…

Кибернапад врз најголемиот синџир супермаркети во Холандија:…

Најголемиот синџир супермаркети во Холандија, Albert Heijn,…

Цените на бензините и дизелот остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Семејствата на загинатите во Пулс: ШТО ТРЕБАЛО…

Дискотеката „Пулс“ немала законска документација за работа…