Предлог-законот за амнестија на осудените за 27 април денеска во Собранието

t

Предлогот за избор на судијата Елизабета Дуковска од Апелацискиот суд Скопје за судија на Уставниот суд на Република Македонија е на дневен ред на денешната 106. собраниска седница.

Дуковска е предлог на Судскиот совет на Република  Македонија за нова уставна судијка. Таа е судијка од 2004 година, работела во двата основни суда во Скопје како стечаен судија, а од 2009 суди во скопска Апелација како граѓански судија во трговски оддел.

На дневен ред на денешната седница се и Предлог законот за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017 година, како и Предлог законот за амнестија, двата по скратена постапка.

Пред пратениците се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, како и Предлог законот за дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, и двата по скратена постапка.

Предлог-законот за амнестија на осудените за 27 април беше поднесен како резултат на иницијативата на адвокатите Јанаки Митровски и Драган Пешевски кои остварија средби со повеќе политички партии и сметаат дека потребното мнозинство за донесување на законот е веќе обезбедено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Кој е следен?“ на 29 март пред…

Граѓанското движење „Кој е следен?“, в сабота…

Собранието цела недела на ормор, ти народе…

Собранието цела недела на ормор, ти народе…

Општа тепачка меѓу припадници на приватно обезбедување…

Се одржува седница на Собранието на град…

10 МИЛИОНИ за авиобилети ќе троши Собранието…

Собранието ќе потроши 10 милиони денари за…

(Цел список на трошаџиите) А да го…

Вкупно 18 милиони 671 илјада 591 денар…