Предлог зaконот за државно правобранителство пред пратениците на 16-ти јануари

t

Со измените кои ги предложи Министерството за правда се предвидува натамошно подобрување на одредбите во насока на обезбедување на можност за мирување на државноправобранителската функција во случај државните правобранители да бидат избрани или именувани на друга функција или должност. Ова се наметна како потреба од воведувањето на неограничениот мандат на кои се избираат државните правобранители, велат од министерството.

Предлог Законот за дополнување на Законот за државното правобранителство содржи три члена, со кои се предвидува натамошно подобрување на одредбите во насока на обезбедување на можност доколку државниот правобранител е избран од редот на државните правобранители за Државен правобранител на Република Македонија по истек на времето за кое е именуван, а со негова согласност Владата на Република Македонија да го именува за функцијата државен правобранител за подрачје каде што претходно ја обавувал државно правобранителската функција.

Измената се предлага како потреба од воведувањето на неограничениот мандат на кои се именуваат државните правобранители.

Со предложените измени се предвидува и усогласување на одредбите од законот со Законот за употреба на јазиците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Славески за клиентите на Алта банка: Повисок…

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, најави…

ИРАН СЕ ЗАКАНУВА СО РАКЕТНИ НАПАДИ ВРЗ…

Иран упати сериозни закани за ракетни напади…

Трамп по дебаклот: Немате поим колку се…

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе…

Кличко ги повика жителите на Киев да…

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повика…

Тошковски: Македонските граници се под зголемен притисок…

Македонската полиција бележи зголемен притисок на државната…