Објавено на:

Предлог на чешкиот претседател: Влез на Украина во НАТО со привремена граница

t

Нема потреба да се очекува целосно воспоставување на контрола на Киев врз целата територија на Украина, земјата може да биде примена во НАТО со привремена административна граница, изјави чешкиот претседател Петр Павел.
„Мислам дека целосното воспоставување на украинска контрола врз целата територија на земјата не е неопходен услов за прием во НАТО. Ако има демаркација, ќе се воспостави барем административна граница и тогаш можеме да ја прифатиме таа граница како привремена и да ја прифатиме Украина во Алијансата со територијата што ќе ја контролира во тој момент“, вели Павел во интервју за „Новинки“.

Според пишувањата на медиумите, чешкиот претседател очекува Украина да преговара за мир со Русија во наредните години.
Да потсетиме дека на 5 јули генералниот секретар на НАТО Столтенберг изрази надеж дека Украина ќе стане членка на Северноатлантската алијанса до 2034 година.
Москва соопшти дека влезот на Украина во НАТО е неприфатлив за Русија во која било форма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европската комисија предлага дополнителен заем од 45…

Европската комисија предложи одобрување дополнителен заем од…

Франција потврди присуство на свои војници во…

Француски воени припадници веќе неколку месеци се…

Русија тврди дека погодила товарен брод со…

Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите…

Русија го повтори барањето НАТО да се…

Русија повторно бара НАТО да ги повлече…

НАТО го засили воздушното набљудување над Бугарија…

Авионите за рано радиолокациско откривање и контрола…