Објавено на:

Предупредување? Неколку дена пред посетата на Камала Харис на Јужна Кореја, Северна Кореја истрела балистичка ракета

t

Северна Кореја денеска истрела балистичка ракета од неодреден тип во морето во близина на нејзиниот источен брег, соопшти јужнокорејската армија.

Тестирањето се случува пред пристигнувањето на американски носач на авиони за заеднички вежби со јужнокорејските сили и неколку дена пред планираната посета на американската потпретседателка Камала Харис во Јужна Кореја.

Според јужнокорејската армија, проектилот поминал 600 километри над копното, достигнувајќи максимална височина од 60 километри пред да падне во водите на источниот брег на Северна Кореја.

Северна Кореја годинава изврши рекордни над 30 тестирања на ракети.

Според јужнокорејската армија, подготвува да тестира ракета дизајнирана да биде лансирана од подморница.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека Токио прави се за да собере податоци за лансирањето на севернокорејската ракета и да ја потврди безбедноста на бродовите и авионите во регионот. Засега нема извештаи за причинети штети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италија не ги признава возачките дозволи со…

Италија не ги признава возачките дозволи со…

Богоев со генералниот директор на корејската царина:…

„Системот за управување со ризици и податочен…

Уште во техничката влада ДПМНЕ почна да…

ДПМНЕ се заложува за спроведување на „Преспанскиот…

Северна Кореја тестираше ракета способна да ги…

Тестот на проектилот со долг дострел доаѓа…

Кинезите развија супериорна технологија, лансираа ракета на…

Ракетата ZK-2 I3, развиена од кинеската приватна…