Објавено на:

Предупредување од Попоски: Драстична промена на времето, август ќе биде со есенски температури, Европа може да очекува и снег!

t

Уште во текот на првата седмица од август месец, се поголеми се условите на Балканот да пристигне голем пад на температурите, и продор на значително постуден воздух од север, кој ќе го донесе и снегот во Алпскиот регион, а можен е и на највисоките планински врвови во Словенија.

Во најновата прогноза, Славчо Попоски најавува дека првата седмица од август ни носи и се поголеми услови за временски непогоди во регионот, но не и во Македонија. 

-Дали ние повторно ќе се спасиме од големи дождови и невреме, останува да видиме како ќе се одвиваат работите понатаму. Едно е сигурно, падот на температурите доаѓа, и најмногу тоа ќе го почувствуваат земјите од регионот, кој од летни, ќе се префрлат на есенски температури. Ние во Македонија, освен многу помалку дожд, ќе имаме и малку помал пад на температурите за разлика од регионот, но падот на истите значително ќе се почувствува и кај нас уште во првата седмица од август. Особено значително пониски ќе бидат минималните утрински температури, а далеку попријатни ќе бидат и максималните дневни температури на воздухот. Август месец ни носи и лето, и есен, врнежи и временски непогоди, па дури и снег. Ако изминатите години снегот во Алпскиот регион се појавуваше во есенските месеци, оваа година тој веќе се појави овој месец, а нови поинтензивни врнежи од снег на алпите се очекува и во август. Детална анализа околу ова заладување, и кави температури ќе имаме ние во првата седмица од август, но и точно какво време не очекува, ќе дознаете деновиве, кога многу работи ќе бидат појасни, вели Попоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечно: Следува период на стабилно и потопло…

Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните…

Метео: Денес дожд, утре наутро температури и…

Променливо облачно со повремени локални врнежи од…

Метео: Облачно, студено и со снег!

Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…

Во среда локални врнежи од дожд –…

Сончево со мала до умерена локална облачност.…

Времето утре сончево со мала облачност, во…

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за утре…