Предупредување од СЗО: Мајмунските сипаници се опасност за високоризичните групи, трудници и деца!
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека „трајното пренесување” на вирусот на мајмунски сипаници ширум светот може да доведе до негово ширење на високоризични групи како што се бремени жени, имунокомпромитирани поединци и деца.
СЗО денеска соопшти дека ги истражува извештаите за заразени деца, вклучително и два случаи во Велика Британија, како и извештаите од Шпанија и Франција. Ниту еден од случаите кај децата не бил тежок.
Вирусот досега е идентификуван во повеќе од 50 нови земји надвор од Африка каде што е ендемичен. Бројот на случаи исто така расте во тие земји, соопшти СЗО, повикувајќи на повеќе тестирања.
„Загрижен сум поради континуираното пренесување бидејќи сугерира дека вирусот се вкоренил и може да се прошири на високоризични групи, вклучително и деца, имунокомпромитирани и бремени жени”, рече шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, пренесе Хина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЗО: Случаите на рак на глобално ниво…
Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека…
СЗО: Повеќе од 1.300 починати од топлотниот…
Европа би можела да биде погодена од…
Горештините се закана по јавното здравје и…
Генералниот секретар на Светска здравствена организација (СЗО),…
СЗО се сомнева дека има повеќе од…
Светската здравствена организација (СЗО) во неделата објави…
„Загрижен сум за обемот и брзината на…
Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) призна…